Црна хроника
Приведени четворица кичевци за време на полицискиот час
Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти СВР Охрид.
Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Регистрирани се четири нови лица со решение за изолација и извршени се 24 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-12, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-10, Струга-42, Кичево-7, Дебар-10) и извршени се 287 контроли врз овие лица (Охрид-7, Струга-211, Кичево-3 и Дебар-66).
На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 503 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид – 202, Струга- 301), кои се сместени во четири сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 42 контроли на угостителски објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.