Црна хроника
Приведени четири лица за кражбата во уметничката галерија во Штип
Четири лица од Штип и од Струмица се приведени поради тешка кражба во уметничката галерија „Безистен“ во Штип.
„Лишени се од слобода А. А. (32) и Ќ. А. (37), двајцата од Струмица, и Д. А. (28) и С. Н. (26), двајцата од Штип. Тие се сомничат дека со намера да стекнат противправна имотна корист кривичните дела ги извршиле во јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на улицата Тошо Арсов во Штип, од каде што со употреба на сила противправно одзеле поголем број предмети од уметничката галерија“, велат од МВР.
Некои од одземените предмети се пронаједни, одземени и ѝ вратени на Националната установа Завод и Музеј – Штип.
По комплетно документирање на случајот, против нив до Обвинителството ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

