Црна хроника
Приведено лице од Гостиварско за издржување затворска казна
На 19.4.2023, околу 14 часот, на улицата Браќа Ѓиновски во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле Н. Е. (57) од гостиварска Долна Бањица.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за сторено кривично дело по член 354 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар на мигранти
Вчера во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Дебарца
Вчера во 09.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Врбјани, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Ограбена градинка во Чаир
Ограбена е Детската градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир.
„На 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.