Црна хроника
Приведено лице од Тетовско за издржување затворска казна

Денеска, околу 12 часот, во тетовско Копанце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле лицето Б. З. (33) од ова село, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво според Кривичниот законик.
По приведувањето, реализирано со судска наредба, лицето Б. З. денеска ќе биде спроведено во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, информираат од Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запали „рено меган“, пожарот зафати и седум други возила во Кисела Вода

Денеска (10.03.2025) во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје.
Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост на А.Ш., „фиат“ сопственост на правен субјект, „шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.
Црна хроника
Не им дозволувал на сопругата и двете малолетни деца да излезат од дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(38) од гостиварско село поради постоење основи за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Имено на 23.01.2025, пријавениот не им дозволувал на неговата сопруга со нивните две малолетни деца да излезат од семејниот дом.
Црна хроника
Прегазена малолетничка во скопски Аеродром: возачот побегнал

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.