Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

Утрово во 02.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на потерница по судска наредба, го лишиле од слобода Б.С.(46) од Тетово.
Тој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор

А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Црна хроника
Кумановка (18) удри во бетонска жардинера со мопед, пренесена е во болница

Осумнаесетгодишна кумановка, А.Н., управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид.