Црна хроника
Приведен битолчанец, полицијата пронашла дрога во неговиот дом

Вчера, во 17 часот, на улицата Кланица во Битола, полициски службеници од СВР Битола – отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, го лишиле од слобода Д. Ч. (35) од Битола.
При претреси во неговиот дом во Битола и во неговата викенд-куќа во с. Карамани, Битолско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со амфетамин, повеќе таблетки во разни бои, семки од растението канабис и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
OJO со детали за пироманот од Скопје: носел бензин во шише, го полеал возилото и го запалил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице осомничено за кривично дело – Предизвикување општа оапсност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето.
„Бидејќи постои опасност од бегство, но и веројатност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да биде определена мерка притвор“.
Црна хроника
Со запаливо средство опожарил патничко возило: кривична пријава против пироман од Скопје

СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул.„Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје и предизвикал материјална штета од 200.000 денари.
На 20.10.2025 тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото, по што по насоки од јавен обвинител поднесена е пријавата по брза постапка, а од основен кривичен суд одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Товарно возило со српски ознаки удрило во објект на Царинската управа: ги оштетил покривот и рампата

Вчера окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата.
Полицијата информира дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.