Црна хроника
Приведен битолчанец, при претрес кај него била пронајдена дрога
Едно лице од Битола е лишено од слобода откако при претрес полицијата кај него пронашла дрога, информира МВР.
Вчера во 21:00 часот на ул. Прилепска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лицето И.Л.(38) од Битола.
При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а подоцна при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со траги од марихуана и пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за маж од Делчево, психички и физички ја малтретирал сопругата
Полицијата поднесе кривична пријава за маж од Делчево кој подолго време психички ја малтретирал сопругата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54- годишен маж од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.
Пријавениот подолг временски период психички ја малтретирал неговата 54-годишна сопруга и ѝ упатувал закани, додека во периодот од 06.01. до 08.01.2026 физички ја нападнал во семејниот дом.
Црна хроника
Уапсен возач од кратовско, управувал возило со 3,19 промили алкохол и излетал од патот
Полицијата уапси возач од кратовско кој управувал возило со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот.
Вчера во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат Татомир – Кратово, во село Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
(Фото) Пронајдена дрога во Скопје, уапсени две лица
Вчера во 15:30 часот на булеварот „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје.
При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана.

Ноќеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото: МВР

