Црна хроника
Приведен вработен во УЈП поради примање поткуп

На улица Кеј Вардар во Гостивар попладнево приведен е 38-годишниот М. А. од Тетово поради примање поткуп од гостиварец.
Инаку, приведениот бил вработен во УЈП Тетово и побарал 300 евра од гостиварецот за да не му го затворат објектот во кој пред една недела при контрола биле констатирани одредени законски недостатоци.
Побараните средства претходно биле крим-технички обработени и му биле дадени на М. А., кој се обидел да се ослободи од нив, но бил фатен и спречен во намерата.
М. А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во консултација и координација со јавен обвинител од ОЈО Гостивар ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца странски државјани загинаа во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Пред два дена околу 08:13 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на селото Лакавица, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица.
Според информациите од полицијата, товарно возило марка „Фиат Дукато“ со струмички регистарски таблички, сопственост на фирма од Струмица, излетало од коловозот. Возилото го управувал 35-годишниот М.Д. од село Иловица.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале три лица: С.М.Р. (29) и Х.М.Р. (38), двајцата од Бангладеш, како и К.К. (34) од Непал. Сите имале регулиран престој во земјава. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош“, соопшти МВР.
Возачот и уште едно лице – Х.М.Т. (24) од Бангладеш – се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани во Клиничката болница во Штип.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Истрагата за причините на несреќата е во тек.
Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.