Црна хроника
Приведен гевгеличанец, се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација
На Граничниот премин Богородица, при контрола на патничко возило “опел вектра” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300.000 денари.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.