Црна хроника
Приведен дилер во Гостивар, пронајдена дрога

Денеска во гостиварски Сенокос полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Џ.(32) од истото село.
При претрес извршен со судска наредба во дом и други помошни простории каде што живее И.Џ. и при преглед кај него му биле пронајдени и одземени три ќеси со поединечни пакувања марихуана и дигитална вага.
Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе следи и соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дрвокрадци фатени во Старо Нагоричане, се обиделе да избегаат и прегазат полицајци

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода две лица од Куманово, откако претходно не им дозволиле да извршат контрола на камион натоварен со огревни дрва, физички ги нападнале, а потоа се обиделе да ги прегазат со возилото.
Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил вчера во 22:30 часот кај село Макреш, Општина Старо Нагоричани.
-На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух. По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата, стои во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кавадарчанец бил удрен со возило во дворот

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил удрен од возило во неговиот двор.
„Рано утрово во 00:30 часот во ОВР – Кавадарци, Д.Н., 53-годишен кавадарчанец, пријавил дека синоќа околу 22:30 часот во дворот од неговиот дом, бил удрен од патничко возило, што го управувал Д.С., при што се здобил со повреди“, појаснија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Оттаму потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
53-годишен пешак од Украина загина кај граничниот премин Долно Блаце

22-годишната Б.С. од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина, кој подоцна им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила вчера околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце кога 22 годишната девојка удрила во 53-годишниот Украинец.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итна медицинска помош од Косово во најблиската болница. За жал, во 20:20 часот лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за да се утврдат точните околности на трагедијата.
Б.С., исто така се здобила со телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во приватна болница во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата е во тек за целосно расчистување на случајот.