Црна хроника
Приведен дилер на дрога во Гевгелиско, пронајдени 60 стебла канабис
Во атарот на селото Миравци, на место наречено Лаго, на три локации на растојание од 50-60 метри, полициски службеници откриле 60 стебла од растението канабис сатива.
Од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот. Пријавениот С. К. на 8.9.2020 во 18.10 часот, на местото наречено Лаго, атар на с. Миравци, на самото место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение канабис сатива. По извршениот претрес, во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршоци во завршна фаза на вегетација, набрани од три стебла од растението канабис сатива. По наредба на јавен обвинител, истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и продажба на дрога.
Пронајдените предмети биле одземени, а по добиениот извештај од вештачењето, пријавениот бил приведен и предаден во Полициската станица Гевгелија. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.