Црна хроника
(Видео) Приведен дилер од Скопје, пронајдени хашиш и марихуана
Кривична пријава против 31-годишниот скопјанец Н.Б. поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Според информациите од МВР, вчера, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба, извршен е претрес на домот кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла канабис, 1 килограм и 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 мл хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 мл хашиш-смола, неколку семки канабис и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин.
Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабораторија за одгледување и производство на растенија кои му припаѓаат на растителниот род канабис и производство на масло од канабис (светилки HPS, вентилатори, екстрактор за производство на масло од канабис, апарат за вакуумирање, ЛЕД-светилки, термометри и тајмери, импровизирани сушарници, апарат за навлажување на воздухот, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

