Црна хроника
Приведен дрвокрадец во Скопје: возилото и дрвата одземени
Вчера во 17.45 часот на магистралниот пат за Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.А.(49) од Скопје.
При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било утврдено дека врши нелегален транспорт на нежигосани огревни дрва, со истечена регистрација на возилото и без важечка возачка дозвола.
Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено и предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

