Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци, украл паричник во слаткарница
Вчера, во 14 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци.
Тој се сомничи дека околу 12.15 часот во слаткарница во Кавадарци одзел паричник од Б. Т. (56) од Кавадарци.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а со малолетникот, во полициска станица, во присуство на родител и адвокат за малолетници, бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.