Црна хроника
Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор
Полицијата во Карпош го приведе Б.Б. (44) и против него поднесе кривична пријави поради сомнеж за четири кривични дела на територијата на Скопје, и тоа едно кривично дело „кражба” предвидено и казниво по чл. 235 од КЗ на РСМ, едно кривично дело „одземање моторно возило” предвидено и казниво по чл. 242 од КЗ на РСМ и две кривични дела „тешка кражба” предвидени и казниви по чл. 236 од КЗ на РСМ.
Сторителот е изведен пред Судија за претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 8 дена, а пронајдените предмети, меѓу кои и едно возило, се вратени на оштетените лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: возел пијан
Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода 49-годишниот Р.Г. од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

