Црна хроника
Приведен крадец во Стар Дојран, следува соодветна пријава
Вчера во 15.20 часот во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија-Полициско одделение Нов Дојран го лишиле од слобода 40-годишниот Т.А. од Гевгелија. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари, извести МВР.
Т.А. бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Кај него биле пронајдени одземените пари, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава,соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово.
При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР.
Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува пријава.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.
Топ
Автомобил излета од патот кај Битола, возачот тешко повреден
Автомобил управуван од 68-годишен маж од Битола излета од патот Ресен-Битола.
Од МВР информираа дека несреќата се случила вчера во 17.50 часот, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид.