Црна хроника
Приведен крадец од Тетовско

Синоќа, околу 19.30 часот, во тетовски Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот М. А. од ова село затоа што два дена пред тоа противправно одзел електричен тротинет на улицата Страшо Пинџур во Тетово, сопственост на 42-годишен тетовец.
Тротинетот му бил вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против М. А. ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен возач од Скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на „Џон Кенеди“ во Скопје

Денеска во 00.30 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Ф.А. од село Визбегово, скопско.
На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.
Црна хроника
Приведен стружанец, пијан возел мотоцикл и излетал од патот

Вчера во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода 36-годишниот И.М. од Струга.
Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.
Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.