Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница

На 7.11.2022 во 17:10 часот во с. Трубарево, Скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(30) од с. Трубарево.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.
Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.
Црна хроника
Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.
„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.