Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

Денеска (4.4.2023), во 13.30 часот, на улицата Кирил и Методиј во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З. Т. (45) од населбата Илинден во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетничка од Чашка повредена во сообраќајна несреќа

Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од улицата „Илинденска“ со улицата „Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист: сообраќајна незгода на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Вчера вечер во 21.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Со секира се обидел да ја нападне сестра си: кривична против 23-годишник од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против 23-годишниот Б.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 10.04.2025 во Штип, пријавениот со секира оштетил врата во семејниот дом, обидувајќи се физички да ја нападне неговата сестра, а притоа постапил и спротивно на решение од Основен суд Штип.