Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница

Денеска околу 13.35 часот во с.Арачиново, по претходно преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници е лишен од слобода Ј.Б. (28) од с. Арачиново.
Тој бил баран со централна потерница по наредба на ОЈО ГОКК Скопје во врска со кривично дело по член 258 ст.2 од КЗ и по чл.144 од КЗ. Ј.Б. е предаден на КПУ „Затвор Скопје”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилници претепале стружанец во Старата чаршија

Тројца насилници, од кои едниот малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија.
Според информациите на обвинителството, на 21 јуни тројцата извршиле грубо насилство врз еден оштетен во Старата чаршија во Струга.
Инцидентот започнал како вербална расправија меѓу оштетениот и обвинетите, а кога тој се обидел да им избега стравувајќи од физички напад, му паднал мобилниот телефон. Оштетениот се вратил да си го земе телефонот, но тоа го искористиле обвинетите, го турнале на земја и почнале да го удираат по целото тело со тупаници и клоци.
Жртвата барала помош од случајни минувачи, но застанал само еден автомобил, а возачот излегол и им рекол на обвинетите да го пуштат оштетениот. Повреден, со гребаници и набиеници по главата и телото, оштетениот се сокрил во близок кафе бар додека да стигне полицијата, по што бил пренесен најпрво во струшката, а потоа во охридската болница на лекување.
Со поднесеното обвинение надлежниот јавен обвинител предложи продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата полнолетни сторители, кои освен што извршиле насилство врз оштетениот, предизвикале и чувство на загрозување и страв во јавноста.
Црна хроника
Приведен гостиварец, возел со брзина над дозволената

Приведен маж од гостиварско, управувал возило со брзина од 157 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час.
Според информациите на МВР, вчера во 15.50 часот на патот Гостивар- Тетово полициски службеници го уапсиле Б.Ш.(52) од с.Топлица, гостиварско.
При контрола на патниот сообраќај, било констатирано дека Б.Ш. управувал патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 157 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Mлада девојка возела пијана, направила сообраќајна несреќа, па побегнала – МВР ја приведе

Приведена е радовишанка, којаштов возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, соопшти МВР.
Се работи за 19-годишна девојка Т.К., која на улицата Самоилова во Радовиш, управувајќи автомобил предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.