Црна хроника
Приведен шверцер од Србија, во неговото возило пронајдени 10 мигранти

Српски државјанин вчера бил фатен како превезува мигранти во село Прдејци.
„На 9.7.2023, околу 12.30 часот, во атарот на с. Прдејци, од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“, од слобода е лишен Л. Д. (29) од Р. Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци, во патничко моторно возило „ауди А6“, со српски национални ознаки, превезувал 10 лица мигранти од Сирија.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија“, соопшти МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За време на рочиште истепал адвокат: кривична против маж од Кичево

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 49-годишник И.Ф. од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тој, на 09.07.2025 година во 10.38 часот, за време на рочиште во судница при Основниот суд во Дебар, физички го нападнал М.Д., адвокат од Гостивар.
Црна хроника
Две скопјанки се истепаа во авто-камп на Охридското езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје по што, се вклучило уште едно лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена пијана охриѓанка: управувајќи мопед, паднала и се повредила, а потоа била агресивна кон полицајците

Денеска во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишната М.М. од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.
Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.