Црна хроника
Приведен криумчар од Струмица, во неговото „ауди А4“ биле пронајдени мигранти од Сирија
Синоќа во 22.45 часот на мaгистралниот пат М1, во правец Гевгелија-Скопје, на место викано „Паркинг Милетково“ полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Ѓ.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418 б ст.4 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.
Тој бил затекнат како прифаќа осум лица мигранти од Сирија во патничко возило „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, кои биле од друго возило.
За настанот бил известен Јавен обвинител.
Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, а пријавениот Д.Ѓ. бил предаден на полициски службеници во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

