Црна хроника
Приведен кумановец, управувал возило со украдени таблички

Вчера, во 14.30 часот, во реонот на с. Богородица, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 47-годишниот Љ. М. од Куманово, извести МВР.
„При контрола на патничко возило ‘крајслер’, со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, а кои биле пријавени за украдени во Полициската станица Драчево“, соопшти МВР.
Возилото било одземено и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на улицата „Стево Црвенковски“ во Ѓорче Петров.
Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Украл отклучен автомобил па ограбил и угостителски објект

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка “Фолксваген голф 3”. Тој го искористил фактот дека автомобилот бил оставен отклучен и со клучеви во бравата за стартување, па без да биде забележан влегол во возилото, го стартувал и го одзел.
Ноќеска, пак, во угостителски објект на Кеј, во непосредна блзиина на Младинскиот културен центар, осомничениот со тврд погоден предмет и физичка сила го отворил прозорецот од кујната од каде влегол во објектот. Извршил претурање и одзел една внатрешна единица за клима уред, звучник, повеќе алкохолни пијалоци, храна и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, а со провалувањето причинил и материјална штета околу 6.000 денари.
Бидејќи недвосмислено постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Дилери од Кавадарци со возило бегале од полицијата, дрогата ја фрлиле преку прозорец

Полицијата поднесе кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје за да го продаваат во Кавадарци.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според документираните сознанија, пријавените на 03.06. годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама „амфетамин“, наменета за продажба. При транспорт, со патничко моторно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Т.А. (а С.С. бил сопатник) на подрачјето на општина Росоман, биле сопрени од полициски службеници кои што дале знак за запирање на патничко возило.
Меѓутоа тие не застанале, а С.С. ја фрлил од возилото наркотичната дрога. Меѓутоа набргу биле запрени и при преглед, кај С.С. била пронајдена 1.18 грама опојна дрога „амфетамин”.
По преземени оперативни мерки и активности фрлената дрога е пронајдена и одземена.