Црна хроника
Приведен маж во Чаир по распишана потерница

Полицијата денеска во Чаир го приведе 28-годишниот А.З. по распишана потерница.
„ Денеска во 14 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка- Отсек за потрага на територија на Чаир го приведоа А. З. (28) по распишана потерница во врска со чл.418 и чл.273 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во полициска станица заз натамошна постапка“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 20-годишник од Куманово: при претрес пронајдена марихуана

На 01.03.2025 во 00.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 20-годишниот М.М. од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Украдени мобилен телефон и пари во верски објект во Гостивар

Полицијата го приведе Г.П.(25) од Република Албанија поради кражба извршена вчера во верски објект во Гостивар.
„Тој одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од селото Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
На наплатна рампа Сопот во автомобил е најдена дрога

Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.
Како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.