Црна хроника
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
Вчера во 13.45 часот во тетовски Пирок, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х.(30) од Пирок поради сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ предвидено во член 156 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.
При контролата во неговиот мобилен телефон, било констатирано дека користел веб страница за онлајн игри на среќа за која имал административни права за креирање на други корисници.
Исто така, пронајдена била листа со играчи кои биле активни, како и баланс на ставен кредит, со баланс сума и достапни кредити, како и пораки на средства за комуникација со барања за надополнување на кредити на платформата.
Мобилниот телефон му бил одземен, а тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Во исто време, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и Државен инспекторат за труд, извршиле контрола и во спортската обложувалница во с.Пирок, во која работел, а е сопственост на Е.Ш и И.Ш., двајцата од Тетово. При контролата биле констатирани неправилности во работењето на обложувалницата, за што ќе бидат преземени соодветни мерки од надлежните институции. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

