Црна хроника
Приведен Полјак кој го сликал армискиот полигон „Криволак“

Неготинската полиција привела 54-годишен државјанин на Полска кај кого биле пронајдени слики од армискиот полигон „Криволак“.
Како што информираат од МВР, Полјакот бил сопрен на излез од капијата на полигонот во утринските часови на 15 август.
По извршените проверки и преглед кај него биле пронајдени слики од воениот објект.
По наредба на Јавен обвинител, од страна на полицајци од полициската станица Неготино, лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Превртен автомобил во сообраќајна несреќа во Аеродром

Автомобил се преврте утрово по сообраќајна несреќа помеѓу две возила на крстосницата помеѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ во Аеродром.
Засега нема информации за повредени лица.
Несреќа на истата крстосница имаше и пред две недели, пришто повредено беше едно лице.
Црна хроника
Приведен тетовец: возел 111 км на час на место на кое е дозволено 50 км на час

Вчера во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот Н.Л. од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.
Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Бегалец баран со меѓународна потерница приведен на ГП „Блато”

На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со потерница од Интерпол Италија.
-Синоќа, во 22.05 часот на Граничен премин „Блато”, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Џ.С.(29) од Република Албанија. При гранична проверка е констатирано дека се бара од Интерпол Италија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Додаде дека лицето Џ.С. е предадено во полициската станица Дебар за понатамошна постапка.
Во рамки на засилените контроли на овој премин, на кој за неколкупати е зголемена фреквенцијата на патници и возила, пред два дена беше приведен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка.
Димоски, исто така информираше дека вчера во16 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица „Веби Дибра“ во Дебар, Р.Ф.(52) од Дебар го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз И.П.(41) од Скопје. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.