Црна хроника
Приведен скопјанец кој ја нападнал 75-годишната сосетка

Синоќа во 22:25 часот полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар го лишиле од слобода Т.С. поради тоа што физички ја нападнал соседката Ф.К.(75) и со тврд предмет и скршил прозорци од куќата. Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против полицаец: дозволил привремен престој на седум странски државјани иако биле ризик за државата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот, полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Исток, во два наврати во декември 2024 година и во пет наврати во април 2025 година, постапил спротивно на законските прописи и на седум странски државјани апликанти издал решенија со кои им се одобрува правото на привремен престој на територија на државата, и покрај тоа што по извршени безбедносни проверки било утврдено дека претставуваат закана за јавниот поредок, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на Република Северна Македонија.
Црна хроника
Уапсена жена од Скопје: агресивно се однесувала кон полицајци кои вршеле службени дејствија

Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 56-годишната Е.Д. од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Кривична против кумановец: не застанал на знак за запирање и се ибидел да ги прегази полицајците

СВР Битола поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.Т. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 20.05.2025 во село Беровци, прилепско, полициски пријавниот не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да ги удри полициските службеници.
Набргу бил фатен и лишен од слобода.