Црна хроника
Приведен уште еден дилер од Охрид, следуваат кривични пријави
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација и заедничка повеќемесечна полициска истрага со СВР Охрид и поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од ОВР Кичево на 07.10.2022 во попладневните часови на влез во Кичево го лишија од слобода А.И.(39) од Охрид, откако претходно во Охрид бил лишен неговиот брат А.И.(30), кај кого при преглед и претрес во дом биле пронајдени 20 пакувања кокаин и 15 пакувања хероин.
Имено, во рамки на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јули до октомври 2022, во координација со ОЈО Охрид , Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази дека двете лица подолг временски период биле инволвирани во продажба на наркотична дрога на лица на подрачјето на Охрид и Струга, со што постојат основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Во текот на акцијата бил извршен претрес и во домот на А.И. на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, каде биле пронајдени предмети и докази за извршеното кривично дело, а по преземени мерки и активности лицето е пронајдено, приведено и спроведено во СВР Охрид, при што е утврдено дека лицето веќе издржува казна затвор во КПУ Струга за претходно извршено кривично дело поврзано со продажба на дрога, во која сега го вклучил и неговиот брат.
До ОЈО Охрид во текот на денот против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

