Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерници
На 07.10.2022 околу 19.20 часот на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од Отсекот за потрага по цел-Оделение за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, по преземени мерки и активности, беше лишен од слобода А.А.(33) од Скопје.
За него била распишана централна потерница од КПУ Затвор Идризово со која се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 2 години 7 месеци и 26 дена за сторени кривични делa по чл.215 ст. 1 и чл. 383 ст.2 од Кривичниот законик, како и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 и чл. 235 од Кривичниот законик.
Лицето беше спроведено во КПУ Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
17-годишник пукал од неговото кон друго возило
Малолетник од Скопско пукал од неговото кон друго возило.
Имено утрово во 01.00 часот во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, скопско, пријавил дека на 23.05.2024 околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат“, а со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон“.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Полицаец бил нападнат од осуденик во затворот Идризово
Осуденик нападнал полицаец во затворот Идризово, соопшти полицијата.
Синоќа во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата.
МВР информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се судрија товарни возила во Битола: тешко повреден сопатник
Во СВР Битола, вчера во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Широк сокак“, кај Саат кула во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(45) од с.Долно Оризари, битолско и товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Лопатица, битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „ивеко“ А.М.(48) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.