Црна хроника
Приведен штипјанец кој ограбил аптека, на вработениот му се заканил со нож
Дваесет и петгодишен маж со иницијали А.М. од Штип е приведен поради разбојништво во аптека на улицата Маршал Тито, соопшти полицијата.
Вработениот во аптекатата пријавил дека А.М. со закана со нож од него одзел пари и лекови.
Од МВР велат дека веднаш по пријавата, презеле мерки и активности па разбојникот бил приведен во полициската станица Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

