Црна хроника
Приведен 18-годишник од Битола, кај кого е пронајден кокаин
На 01.06.2022 во 09.40 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола.
При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Му дале овци да ги чува, тој ги продал и заработил милион денари: кривична против овчар од Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извести МВР.
„Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари“, соопшти МВР.
Црна хроника
Го натерале да се запали, па избегале, 24-годишен скопјанец со повреди пренесен на Клиника
Денеска во 00.37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол 24-годишниот Б.А. од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од населба Ченто до Ќојлија, извести МВР.
Според пријавеното, лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина. Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден маж од Кочани при извршување работни задачи во фирма, известен е трудов инспектор
Вчера во 11.00 часот во Полициска станица Кочани, од Општата болница Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишниот С.Х. од Кочани, извести МВР.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во кочанско. Известен бил трудов инспектор и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.