Црна хроника
Приведен 18-годишник поради кражбата на возилото на Итната помош во Кочани
Полицијата вчера приведе 18-годишник со иницијали Д.Н.(18) поради сомнение дека стои зад украденото возило на Итната медицинска помош во Кочани.
Воизлото беше украдено ноќта помеѓу петокот и саботата, а полицијата го пронајде вчера на улицата Кирил и Методиј и го врати на Итната медицинска помош.
„ По преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал делата, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

