Црна хроника
Приведен 20-годишник: Осомничен дека крадел од автомобили
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, со Наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Е.Н.(20) од Скопје. Тој се сомничи дека извршил кривични дела „тешка кражба“ во возила и при претресот биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: возел пијан
Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода 49-годишниот Р.Г. од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.

