Црна хроника
Приведен 42-годишник од Велес, ограбил црква
Вчера, во 17.50 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 42-годишниот Н. А. од Велес, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улицата Благој Ѓорев во Велес и одзел пари.
Кај него биле пронајдени парите и ѝ биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.