Црна хроника
Приведен e велешанец, криумчар на мигранти
На 25.8.2022 во 13:00 часот во село Ваксинце, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес.
Во возилото „крајслер“ со штипски регистарски, кое тој го управувал, биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници.
Претходно, на автопатот „Пријателство“, кај село Костурник, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и припадници на АРСМ и продолжил кон село Ваксинце.
Во селото тој изгубил контрола и удрил во брег до патот, по што се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, при излетувањето на возилото од патот, четири лица мигранти се здобиле со повреди и им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово.
Со повреда, исто така, се здобил и припадник на АРСМ при преземање мерки, по што и на него му била укажана помош во болницата во Куманово.
Мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар во Табановце, а М.Б. бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

