Црна хроника
Прилепчанец, бегајќи од полицијата, го фрлил кокаинот од возилото
Прилепчанец, бегајќи од полицијата, го фрлил кокаинот од возилото по што се дал во бегство. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Д. (35) од Прилеп поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, спречување и докажување и спречување службено лице во вршење службено дејство.
Според полицијата, на 20 февруари на улицата Александар Македонски во Прилеп полициски службеници му дале знак на прилепчанецот да го запре возилото, но тој продолжил со движење и од возилото исфрлил кокаин. Набргу потоа застанал и се дал во бегство, но бил фатен и приведен. Следниот ден при претрес во неговиот дом полициски службеници пронашле и одзеле кокаин и вага со остатоци од кокаин. Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за ширење омраза и дискриминација
По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, информираат од обвинителството.
Црна хроника
Група од шест лица физички нападнале 15-годишник во Аеродром
Вчера во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години.
Едниот од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај детето, физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете на паркинг.Тројцата со повреди се пренесени во болница.
Според информациите на МВР, вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор кај село Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

