Црна хроника
Прилепчанец со електричен тротинет удри во „ауди“

Малолетно дете, управувајќи електричен тротинет, удрило во паркирано „ауди“.
„На 24.5.2022, во 14.27 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Раде Иваноски во Прилеп, малолетник од Прилеп, управувајќи електричен тротинет, удрил во паркирано патничко возило ‘ауди’“, соопшти полицијата.
Во незгодата малолетникот добил тешки телесни повреди констатирани во Градската болница во Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен возач од Пробиштип, возел со 185 км на час на место на кое е дозволено 110 км на час

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип.
При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен маж од Штипско за предизвикување пожар, запалил стари предмети пред куќата и не го изгаснал огнот

Вчера во 14:10 часот во село Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го уапсија М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад.
На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип и локалното население. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена скопјанка која ја нападнала мајка си, одреден ѝ е притвор

Полицијата уапси скопјанка која ја нападнала својата мајка во семејниот дом, а судот ѝ одреди притвор.
„На 25.09.2025 Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда“, соопшти МВР.
Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена ѝ е мерка притвор во траење од осум дена.