Црна хроника
Прилепчанец со пушка пукал кон куче, но го погодил братучедот во главата

Дваесет и тригодишен маж од Прилеп со воздушна пушка пукал кон куче скитник во својата бавча, но го погодил својот братучед во пределот на главата.
Како што информираат од МВР, повреден е 47-годишен маж, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Настанот се случил вчера на улицата Беровска во Прилеп. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.