Црна хроника
Прилепчани влечеле пари од фирма за лажни набавки на производи од Гана
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против З.Г.(58) од Прилеп, во својство на генерален директор во правно лице, и вработениот В.К.(46) од Струмица, во својство на советник на генералниот директор, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Во текот на февруари и март 2019 пријавените, со намера да извлечат пари од сметката на правното лице и да го прикријат текот на парите, ја злоупотребиле својата положба и овластувања на начин што, без консултација со службите од правното лице и одборот на директори, пристапиле кон наводна реализација на договор во вкупна вредност од 1.725.000 евра, за испорака на производи за фирма во Гана, по цена во повеќекратен износ повисока од реалната. Целокупната коресподенција се одвивала преку приватни електронски пошти на пријавените. Истите пристапиле кон извршување на плаќање парични средства на физички лица, преку брз трансфер на пари, за наводни трошоци на тендер во износ од 350 евра, за авторизација на договор во Врховен суд на Гана во износ од 9.700 евра и дозначување на парични средства преку банкарска девизна сметка, која ја користи правното лице во износ од 34.500 евра. Пријавените го оштетиле правното лице за вкупен износ од 3.052.584 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.