Црна хроника
Прилепчанка добила тешки телесни повреди откако паднала во автобус

Прилепчанка паднала во автобус и добила тешки телесни повреди.
Случајот бил пријавен вчера во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ч.М.(67) од Прилеп.
При извршен службен разговор со полициските службеници, таа појаснила дека со повредите се здобила на 29.09.2023, при пад во внатрешноста на автобус, додека се превезувала како патник од Транспортен центар кон блискиот трговски центар.
Од страна на полициските службеници службен разговор бил извршен и со возачот на автобусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Метална шипка паднала врз скопјанец при санација на покрив на зграда: тој ги нападнал колегите

Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката.
Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја заклучувал сопругата, ја тепал и ѝ се заканувал: кривична за тетовец

Тетовец ја заклучувал сопругата, ја тепал и и се закнувал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Тетово.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, ,,телесна повреда“ и ,,противправно лишување од слобода“.
Од 25.02. до 28.02.2025 пријавениот ја заклучил во семејниот дом неговата сопруга ѝ упатувал закани и физички ја нападнал.
Црна хроника
Грчки државјанин со пет евра сакал да поткупи цариник на Табановце

Грчки државјанин е уапсен на граничниот премин Табановце поради давање поткуп. При контрола на возилото тој во зелениот картон ставил пет евра за граничарот што го прегледувал.
Според информациите на МВР, вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
„Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.