Црна хроника
Притворен дилер на дрога во Прилеп
Судот му определи 30-дневен притвор на 44-годишен дилер на дрога во Прилеп. Според информациите од прилепското Обвинителство, отворена е истрага против едно лице на возраст од 44 години поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Осомничениот на 9 ноември во својот дом во Прилеп неовластено, заради продажба, чувал 491 грам наркотична дрога марихуана, спакувана во десет ПВЦ-опаковки, и 14 милилитри смолеста материја – наркотична дрога хашиш. Лицето што се гони од страна на Обвинителството чувало и опрема за подготовка на наркотична дрога хашиш и семенски материјал во вкупна маса од 1,78 грам од растениото канавис сатива за кои знаело дека се наменети за производство на наркотични дроги“, велат од Обвинителството.
Дрогата е пронајдена во домот на осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото
Полицијата уапси 29 годишен неготинчанец откако скопјанка го пријавила дека ја присилил на полово дејствие, ја снимал, а потоа ѝ барал пари за да не го објави видеото.
„На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.

