Црна хроника
Притвор за двајца браќа поради дрога и оружје
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка за двајца браќа, жители на село Боговиње, Тетовско, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, а еден од нив и неовластено држење оружје.
„При извршен претрес од службени лица на 18 мај 2021 година, на две локации, во Тетово и во село Боговиње, заради продажба држеле наркотична дрога марихуана распоредена во одделни пакувања со вкупна нето-маса од 9375,4 грама. Покрај дрогата, при претресот во куќата во с. Боговиње бил пронајден и еден пиштол ‘бруни’ со калибар 8 мм, кој неовластено го држел еден од осомничените“, соопшти Обвинителството.
Обвинителството поднесе предлог до Основниот суд Теотово за определување мерка притвор за двајцата браќа, поради потреба да се обезбеди непречено водење на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

