Црна хроника
Притвор за косовски државјанин што превезувал мигранти
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин поради сомнение дека сторило кривично дело шверцување мигранти.
„Во текот на вчерашниот ден осомничениот пеш ја поминал македонско-косовската граница и по добиените насоки од непознато лице, го презел патничкото моторно возило ‘форд транзит’ и тргнал по автопатот А1 во правец кон Гевгелија. На непознато место пресретнал група мигранти, кои претходниот ден илегално влегле во земјата, ги прифатил и тргнал во насока кон Скопје. На знакот да застане од страна на полициски мешовит тим, осомничениот продолжил со зголемена брзина и кај клучката кон с. Смоквица го напуштил возилото со мигрантите и побегнал. Полициските службеници во возилото пронашле 58 мигранти од Пакистан и Сирија, меѓу кои имало и седум малолетни лица. Подоцна осомничениот е пронајден во близина на с. Миравци и уапсен“, соопшти Јавното обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот со решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.