Црна хроника
Притвор за разбојник кој со закана со нож одзел 1.000 евра од казино во Богданци
Гевгелиското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против лице од Богданци за кое постои сомнение дека сторило кривично дело разбојништво.
Како што информираат од Обвинителството, на 21 април, половина час по полноќ, осомничениот, маскиран во црно, со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата на електронското казино на улицата Маршал Тито во Богданци.
Кон оштетената вработена вперил нож и влегол од внатрешната страна на пултот, каде што била касата. Од таму одзел вкупно 65.000 денари во разни апоени.
Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

