Црна хроника
Притвор за три лица поради изнуда на пари
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело изнуда.
Осомничените во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019, заедно договорени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со употреба на сила кон едно лице од Битола, ги присилиле неговите родители да им дадат паричен износ од 1.600 евра. Тие го држеле оштетениот затворен во стан во скопската општина Аеродром, го тепале со тупаници и предмети по главата и телото, го сечеле со жилет по грбот, па потоа му турале сол и парфем на раните. Кога телесно го повредиле, тие првин воспоставиле телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видеоповик со родителите, и побарале од нив износ од 40.000 евра во замена за ослободувањето на нивниот син.
По неколкучасовни преговори, се согласиле мајката да им донесе првичен износ од 1.600 евра како дел од вкупниот износ од побараните 40.000 евра. Во согласност со добиените инструкции, мајката парите ги донела во Скопје и ги оставила во возилото на својот син, „алфа ромео“, паркирано во Шуто Оризари.
Надлежниот јавен обвинител, со оглед на тоа што процени дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Предлогот беше прифатен и судот со решение им определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.