Црна хроника
Притвор за шверцер на дрога на граничниот премин Деве Баир
По барање на Јавното обвинителство во Куманово судот му одреди притвор на осомничено лице, во чиј автомобил била најдена голема количина дрога при излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Тој се обидел дрогата да ја пренесе во Бугарија.
„Осомничениот, на 7 март, при излез од државата на граничниот премин Деве Баир неовластено пренесувал наркотична дрога хашиш со вкупна нето-маса од 8,3 килограми и марихуана со вкупна нето-маса од 4,9 килограми. Дрогата претходно ја набавил од лице во Република Албанија и ја скрил во специјално изработен бункер под возачкото и совозачкото седиште во својот автомобил ‘бмв’, со албански регистерски ознаки. Потоа се обидел дрогата да ја пренесе во Република Бугарија, но бил откриен од царинските службеници на граничниот премин Деве Баир“, соопшти Обвинителството.
Поради опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.