Црна хроника
Пријава за жител на Гошинце, без дозвола превезувал огревни дрва
СВР Куманово поднесе кривична пријва против Г.С.(20) од селото Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 25.07.2019 на пат кај брана Глажња – Липково, Г.С. со товарно возило „мерцедес“ вршел превоз на огревни дрва и дрвни сортименти без лиценца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж
Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, противпожарните екипи интервенирале од 5 до 9 часот, а куќата целосно изгорела.
„Најдено е целосно изгорено машко тело родено 1988 година кое живеело само и имало здраствени проблеми“, информираа од ЦУК.
Телото е однесено на обдукција.
Причина за пожарот е непозната.
Црна хроника
Деца со мотор излетале од патот, едното тешко повредено
Двајца малолетници се повредени во сообраќајна незгода со мотор што се случила вчера напладне.
Според информациите од МВР, во селото Криволак, Неготинско, мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од малолетник од селото излетал од патот.
Тешко повреден е неговиот сопатник од истото село, додека момчето кое управувало со моторот поминало само со полесни повреди.
Извршен е увид.
Црна хроника
Приведен малолетник во скопски Аеродром, полицијата му нашла боксирач
Синоќа на подрачјето на општина Аеродром, полицијата приведе малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.