Црна хроника
Пријава за кумановец кој фрлал отпад од возило во движење
Полицијата ќе поднесе пријава против кумановец кој бил забележан како фрла отпад од возило во движење. Според полицијата, вчера во 21 часот во Куманово на улицата Народна револуција од страна на полициски службеници при вршење мотопатролна служба било забележано како од возило „алфа ромео“ од совозачкото седиште лице фрлало отпаден материјал на тротоар.
Возилото го управувал Е.Р. (22) од Куманово, а при извршеното легитимирање на совозачот, на М.Н.(22), кој не носел документи, му било укажано дека му биле констатирани прекршоци по Законот за лични карти и Законот за јавна чистота. Тој почнал да ги омаловажува полициските службеници, давал отпор, а во тој момент возачот со употреба на физичка сила извршил и попречување на полициските службеници во преземање на службените дејствија. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

