Црна хроника
Пријава за скопјанец – преку лажна фактура се стекнал со милион денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Л.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.
Тој како сопственик и управител на „Проелит“ ДООЕЛ Скопје, изготвил лажна фактура во износ од 1.000.000 денари од 20.03.2019 година, за испорачан рекламен материјал на правно лице од Скопје, и покрај тоа што немало деловна соработка помеѓу наведените правни лица. По ова, истиот со закани го принудул С.Б. управител на оштетеното правно лице, да ја потпише таквата фактура, а потоа истата ја доставил до адвокат, кој до нотар поднел предлог за издавање на решение за нотарски платен налог. Откако решението за издавање на нотарски платен налог станало извршно, било доставено до извршител, по што од страна на истиот било реализирано повлекување на паричниот износ наведен во фактурата. На овој начин, скопјанецот овозможил „Проелит“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со противправна имотна корист од 1.000.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

