Црна хроника
Пријава поради сеча на дрва од шума на Галичица во сопственост на МПЦ
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В. (33) од село Лешани, општина Дебарца, поради постоење „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 23.02.2016 до 27.08.2017 година тој како референт за превоз во Јавното претпријатие „Македонски шуми”-ПШС „Галичица” Охрид, на транспортерите на огревно дрво од сечата на шума во сопственост на Македонската православна црква им овозможил да превезуваат поголема количина дрвна маса од количината што била наведена во одобренијата за испорака.
Во тој период биле испорачани 105 кубни метри огревно дрво повеќе од дозволената количина. На тој начин референтот се стекнал со противправна имотна корист од 231.913 денари на штета на МПЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

